Monday, August 25, 2008

Роберт Вукелиќ настапи на Охрид Фест


Роберт Вукелиќ успеа да ги исполни очекувањата. Се покажа во нај убавото светло со тоа што освои многу женски срца како и срцата на публиката со неговата дебитантска песна „Во соништа“, со добриот глас, добриот сценски настап а тоа го докажа уште првата вечер и успеа на пресот одржан од страна на советот на фестивалот да го освои 2-то место од стручното жири со што се избори за учество и во финалната вечер кое означува голем успех за него. Значајно за овој настап беше што Роберт Вукелиќ го освои жирито од соседите со што успеа да добие добри оцени двете вечери и се докажа дека навистина вредеше комплетната изведба на сцена, а исто така означи и почеток на соработката со Григор Копров, Бојан Ѓошевски, Весна Малинова и Дојчин ...
Овој настап за Роберт Вукелиќ беше всушност и негово прво учество на фестивалот Охрид Фест кој беше доста добра промоција за целата македонска јавност, балканот а и пошироко.

Saturday, July 19, 2008

NEW


Изминатиов период за Роберт Вукелиќ беше бурен и исполнет со низа настапи и уште повеќе предизвици, ја сними својата најнова песна со која што ќе се претстави на престојниот фестивал Охрид Фест 2008, за која што соработката ја оствари со веќе добро познатите имиња на нашата естрада: Григор Копров, Бојан Ѓошески - Аворд и Весна Малинова.
Меѓутоа соработката не застанува тука, Роберт продолжува и во иднина ќе сними и друга песна која што ќе ја припрема со Копров за фестивалот Мак Фест.

Sunday, June 15, 2008

РОБЕРТ СНИМА НОВА ПЕСНА ЗА ОХРИД ФЕСТ ВО СТУДИОТО НА КОПРОВ


Песната за Охрид Фест на Роберт Вукелиќ што е во целосна реализација на Григор Копров е при крај. Истата ќе биде промовирана на овогодинешниот Охрид Фест.

Роберт летниов период го започна со турбо активности за промоција и на својот нов спот и промоција на песните од својот репертоар.

Битола, Струга, Охрид, Струмица, Радовиш се градовите кои што Роберт ги посети изминатиов период каде што настапи во неколку дискотеки и на хуманитарни концерти.

Thursday, May 29, 2008

РОБЕРТ ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА "ANDREEV FASHION"


Со денешниот настап (29 мај 2008г.) во клубот СЕЛЕКТ во Струмица каде присутни ќе бидат и EXCLUSIVE, Роберт станува и заштитно лице на ANDREEV FASHION. Покрај промоцијата на спотот за песната „За крај“, Роберт ќе ги отпее и своите песни, а со агенцијата Andreev Fashion ќе изработи нова фото сесија.

Tuesday, May 27, 2008

ПРОМОЦИЈА НА СПОТОТ ЗА ПЕСНАТА „ЗА МЕНЕ СУДЕНА“



Роберт Вукелиќ го промовираше спотот на песната „За мене судена“. Спотот е снимен во Куманово со продукцијата Далга. Истиот ја презентира љубовната приказна од истоимената песна.

Monday, May 12, 2008

РОБЕРТ ВУКЕЛИК СНИМИ НОВ СПОТ


Роберт Вукелиќ со продукцијата Далга од Куманово го сними својот нов спот за песната „За мене судена“. Песната беше промовирана во месец февруари оваа година. Музиката и текстот се на Стефан Николиќ, а аранжманот и продукцијата на Горјан Јовановски и Скипи продукција.
Приказната во спотот како и во песната е љубовна. Роберт се обидува да и објасни на својата љубена дека единствената добитна комбинација за него е само таа.
Со овој спот Роберт ја започна и својата соработка со енергетскиот пијалок Пантер кои го поддржаа снимањето на овој спот.
Спотот за една недела ќе биде промовиран пред пошироката јавност.

Tuesday, April 22, 2008

ПЕСНИТЕ НА РОБЕРТ ВУКЕЛИЌ









Robert Vukelik - Vo sonishta.mp3 -

НАСТАПИ НА РОБЕРТ СО КСЕНИЈА ПАЈЧИЌ И СОРАБОТКА СО КОПРОВ








После промо турнејата низ десетина градови во Македонија (Радовиш, Кичево, Битола, Охрид, Струга, Куманово, Велес, Штип ...) каде Роберт имаше заеднички настап со атрактивната српска пеачка Ксенија Пајчиќ со која се заштитни лица на енергетскиот пијалок „Ксенија“, Роберт продолжува со нови чекори.

Овој период Роберт работи и на избор на материјал за својата нова песна.
Новата песна, пета по ред, Роберт ја снима во студиото на Григор Копров, во чиј целосен аранжман е истата.
Петата песна од Роберт ќе биде промовирана на Охрид фест - Охридски трубадури 2008г.

Thursday, February 28, 2008

ПРОМО ТУРНЕА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Роберт Вукелиќ овој период е ангажиран на промотивна турнеја низ Македонија гостувајќи во тв станиците и кафе- клубови. Куманово, Битола, Охрид, Скопје, Струмица... списокот ќе се надградува.
Овој период Роберт е во фаза на одлука оваа година да се појави на некој од фестивалите во Македонија. Се избира песна. Ве повикуваме да ни дадете мислење: со каква песна сакате да го видите Роберт на некој од фестивалите за забавни песни. Дали мислите да биде брза песна или балада. Пишете ни на robertvukelik@gmail.com

Wednesday, February 20, 2008

ЗА МЕНЕ СУДЕНА

Најновата песна на Роберт „За мене судена“ е поставена на овој негов блогер. Музиката и текстот на песната се од Стефан Николиќ, а аранжманот е на Скипи Продукција и Горјан Јовановски. Се надеваме дека на сите вам ќе ви се допадне.

Tuesday, February 19, 2008

ПРОМОЦИЈА НА „ЗА МЕНЕ СУДЕНА“



Новата песна на Роберт- четврта по ред со наслов „За мене судена“ ќе биде промовирана вечерва (19 февруари 2008г.) во емисијата ЕКСКЛУЗИВ на А1 тв од 19:55 часот. Музиката и текстот за песната се на Стефан Николиќ, аранжманот на Горјан Јовановски и Скипи продукција.
Целосното интервју и фотографии од интервјуто може да се погледнат на веб страницата на ЕXCLUSIVE MEDIA HOUSE href="http://www.exclusive.com.mk/gallery.asp?artid=856">

Песната „За мене судена“ на Роберт Вукелиќ од утре ќе биде достапна за сите вам на оваа страница, а истата ќе биде доставена и до сите медиуми во Македонија. Доколку ја сакате и вие песната на е маил пишете ни на: robertvukelik@gmail.com

РОБЕРТ ВО СПОТОТ БЕСМРТНА ЉУБОВ НА ПОП ДИВАТА ЕРА ОД АЛБАНИЈА

Роберт Вукелиќ сними спот за песната Dashuri e pavdekshme или Бесмртна љубов на музичката под дива и ѕвезда од Албанија Ерманда Дурмиши - Ера. Спотот ќе биде претставен наскоро и пред Македонската јавност. Истиот е изработен од Дејан Миличевиќ.

Wednesday, January 30, 2008

ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОСЕСИЈА НА РОБЕРТ

Некои успеваат да го поддржат и препознаат талентот и убавината. Благодарение токму на таквите луѓе е остварена и оваа фотосесија. Имено www.exclusive.com.mk MEDIA HOUSE EXCLUSIVE направи фотосесија и на Роберт Вукелиќ. Фотографиите можат да се пронајдат во оригинал на споменатата веб страница, на која може да се погледне и видео од моментот кога беше направена фотосесијата со Роберт.








Thursday, January 24, 2008

НОВО ОД РОБЕРТ



Новата песна на Роберт Вукелиќ која носи наслов „За мене судена“ е готова. Музиката и текстот на песната се од Стефан Николиќ, а аранжманот од Горјан Јовановски и Скипи Продукција. Песната е комбинација од три стила: салса- латино стил, поп и рок.
Истата ќе биде промовирана во месец февруари,а постојат можности за снимање на спот за истата.
Од овој викенд Роберт започнува со гостувања по градовите низ Македонија. Прв на распоредот е Велес. Роберт ќе има часовна емисија на ТВ Здравкин каде во TALK SHOW ќе ја промовира својата музика и спот пред Велешани. Истата емисија ќе биде посветена и на Тоше Проески и одбележувањето на неговиот 27ми роденден.

Saturday, January 19, 2008

СПОТ ЗА ПЕСНАТА „ИМА НЕШТО ВО ТЕБЕ“




free hit counter

hit counter

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

Во месец декември во Скопје во дискотеката Колосеум во организација на Американ Колеџ се одржа хуманитарен концерт за СОС Детското село. На овој концерт настапија повеќе музички ѕвезди од Македонската забавна естрада меѓу кои и Роберт.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА РОБЕРТ ВО ХРВАТСКА

На 30 август 2007 година Роберт Вукелиќ настапи во Ријека како единствен учесник од Македонија на хуманитарната манифестација Rijeka for fashion, од која финансиите беа наменети за детската болница Кантрида. Ова воедно беше и промоција на Роберт во Хрватска.

Friday, January 18, 2008

ПРАВА ЉУБОВ

Изведба на Роберт на песната „Права љубов“ во дует со Викторија (Македонка во Хрватска), на хуманитарната манифестација "Rijeka for fashion", август 2007.

ПРОМОЦИЈА НА „ЗА КРАЈ“

Промоцијата на „За крај“ се случи на новогодишната прослава на Општина Карпош за дочек на 2008 каде настапи и Роберт Вукелиќ.
Текстот на песната е напишан од Роберт, додека музиката и аранжманот се на Бексо.

ПРОМОЦИЈА НА „БЕЈБЕ“ ВО ХРВАТСКА

Промоцијата на „Бејбе“ се случи во Ријека, Хрватска на 30 август 2007г. при настап на Роберт на хуманитарната манифестација "Rijeka for fashion" за детската болница Кантрида, каде Роберт беше единствен претставник од Македонија.