
Новата песна на Роберт Вукелиќ која носи наслов „За мене судена“ е готова. Музиката и текстот на песната се од Стефан Николиќ, а аранжманот од Горјан Јовановски и Скипи Продукција. Песната е комбинација од три стила: салса- латино стил, поп и рок.
Истата ќе биде промовирана во месец февруари,а постојат можности за снимање на спот за истата.
Од овој викенд Роберт започнува со гостувања по градовите низ Македонија. Прв на распоредот е Велес. Роберт ќе има часовна емисија на ТВ Здравкин каде во TALK SHOW ќе ја промовира својата музика и спот пред Велешани. Истата емисија ќе биде посветена и на Тоше Проески и одбележувањето на неговиот 27ми роденден.
No comments:
Post a Comment