Tuesday, April 22, 2008

НАСТАПИ НА РОБЕРТ СО КСЕНИЈА ПАЈЧИЌ И СОРАБОТКА СО КОПРОВ








После промо турнејата низ десетина градови во Македонија (Радовиш, Кичево, Битола, Охрид, Струга, Куманово, Велес, Штип ...) каде Роберт имаше заеднички настап со атрактивната српска пеачка Ксенија Пајчиќ со која се заштитни лица на енергетскиот пијалок „Ксенија“, Роберт продолжува со нови чекори.

Овој период Роберт работи и на избор на материјал за својата нова песна.
Новата песна, пета по ред, Роберт ја снима во студиото на Григор Копров, во чиј целосен аранжман е истата.
Петата песна од Роберт ќе биде промовирана на Охрид фест - Охридски трубадури 2008г.

No comments: