Monday, May 12, 2008

РОБЕРТ ВУКЕЛИК СНИМИ НОВ СПОТ


Роберт Вукелиќ со продукцијата Далга од Куманово го сними својот нов спот за песната „За мене судена“. Песната беше промовирана во месец февруари оваа година. Музиката и текстот се на Стефан Николиќ, а аранжманот и продукцијата на Горјан Јовановски и Скипи продукција.
Приказната во спотот како и во песната е љубовна. Роберт се обидува да и објасни на својата љубена дека единствената добитна комбинација за него е само таа.
Со овој спот Роберт ја започна и својата соработка со енергетскиот пијалок Пантер кои го поддржаа снимањето на овој спот.
Спотот за една недела ќе биде промовиран пред пошироката јавност.

No comments: