Wednesday, January 30, 2008

ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОСЕСИЈА НА РОБЕРТ

Некои успеваат да го поддржат и препознаат талентот и убавината. Благодарение токму на таквите луѓе е остварена и оваа фотосесија. Имено www.exclusive.com.mk MEDIA HOUSE EXCLUSIVE направи фотосесија и на Роберт Вукелиќ. Фотографиите можат да се пронајдат во оригинал на споменатата веб страница, на која може да се погледне и видео од моментот кога беше направена фотосесијата со Роберт.








Thursday, January 24, 2008

НОВО ОД РОБЕРТ



Новата песна на Роберт Вукелиќ која носи наслов „За мене судена“ е готова. Музиката и текстот на песната се од Стефан Николиќ, а аранжманот од Горјан Јовановски и Скипи Продукција. Песната е комбинација од три стила: салса- латино стил, поп и рок.
Истата ќе биде промовирана во месец февруари,а постојат можности за снимање на спот за истата.
Од овој викенд Роберт започнува со гостувања по градовите низ Македонија. Прв на распоредот е Велес. Роберт ќе има часовна емисија на ТВ Здравкин каде во TALK SHOW ќе ја промовира својата музика и спот пред Велешани. Истата емисија ќе биде посветена и на Тоше Проески и одбележувањето на неговиот 27ми роденден.

Saturday, January 19, 2008

СПОТ ЗА ПЕСНАТА „ИМА НЕШТО ВО ТЕБЕ“




free hit counter

hit counter

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

Во месец декември во Скопје во дискотеката Колосеум во организација на Американ Колеџ се одржа хуманитарен концерт за СОС Детското село. На овој концерт настапија повеќе музички ѕвезди од Македонската забавна естрада меѓу кои и Роберт.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА РОБЕРТ ВО ХРВАТСКА

На 30 август 2007 година Роберт Вукелиќ настапи во Ријека како единствен учесник од Македонија на хуманитарната манифестација Rijeka for fashion, од која финансиите беа наменети за детската болница Кантрида. Ова воедно беше и промоција на Роберт во Хрватска.

Friday, January 18, 2008

ПРАВА ЉУБОВ

Изведба на Роберт на песната „Права љубов“ во дует со Викторија (Македонка во Хрватска), на хуманитарната манифестација "Rijeka for fashion", август 2007.

ПРОМОЦИЈА НА „ЗА КРАЈ“

Промоцијата на „За крај“ се случи на новогодишната прослава на Општина Карпош за дочек на 2008 каде настапи и Роберт Вукелиќ.
Текстот на песната е напишан од Роберт, додека музиката и аранжманот се на Бексо.

ПРОМОЦИЈА НА „БЕЈБЕ“ ВО ХРВАТСКА

Промоцијата на „Бејбе“ се случи во Ријека, Хрватска на 30 август 2007г. при настап на Роберт на хуманитарната манифестација "Rijeka for fashion" за детската болница Кантрида, каде Роберт беше единствен претставник од Македонија.

РОБЕРТ ПЕЕ ПЕСНА ОД ТОШЕ

Роберт Вукелиќ пее песна од Тоше, оддавајќи му признание за неговото големо дело и следејќи го неговиот пример.

Настап на Роберт Вукелиќ

Снимка од настапот на Роберт Вукелиќ на хуманитарниот концерт за СОС детското село, организиран од Американ Колеџ во Колосеум, декември 2007г.

Tuesday, January 8, 2008

НАСТАП НА РОБЕРТ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ


На 12ти јануари 2007 година традиционално во Вевчани ќе се одржи ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ. Учесник во програмата на Карневалот ќе биде и Роберт Вукелиќ, кој ќе настапи со своите песни. Тој всушност и ќе ја отвори првата забавна вечер која ќе започне со музичка програма во 19:00 часот, после дефиле на маски.
Истиот оваа година ќе има две вечери Забавна и Народна. Во забавната покрај Роберт ќе настапат и: Александра Пилева, Бени, Супер Хикс, Канго и други. Во народната вечер ќе настапат: Есма, Сузана, Тарчуловска и други.
Водител на двете вечери ќе биде Вера Јанковиќ.
Организаторот ветува добра забава, и присуство на илјадници маскирани луѓе од цел Балкан.