Friday, September 19, 2008

Роберт Вукелиќ припрема нова песна за Макфест



Роберт Вукелиќ овој период го минува со нови ангажмани и подотовки на новата песна со која ќе земе учество на претстојниот Макфест во Штип. Во исто време Роберт го завршува и својот нов видео-запис, кој ќе биде пуштен во етерот веќе оваа недела.

Станува збор за визуелизација на темата Во соништа, со која се претстави на неодамна завршениот Охрид-фест 2008. Спотот претставува комбинација на снимки од неговите настапи на двете вечери на Охрид-Фест.

За претстојниот период Роберт најавува живи настапи и многу изненадувања...

Роберт Вукелиќ - Во соништа (спот)