
Изминатиов период за Роберт Вукелиќ беше бурен и исполнет со низа настапи и уште повеќе предизвици, ја сними својата најнова песна со која што ќе се претстави на престојниот фестивал Охрид Фест 2008, за која што соработката ја оствари со веќе добро познатите имиња на нашата естрада: Григор Копров, Бојан Ѓошески - Аворд и Весна Малинова.
Меѓутоа соработката не застанува тука, Роберт продолжува и во иднина ќе сними и друга песна која што ќе ја припрема со Копров за фестивалот Мак Фест.