Thursday, February 28, 2008

ПРОМО ТУРНЕА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Роберт Вукелиќ овој период е ангажиран на промотивна турнеја низ Македонија гостувајќи во тв станиците и кафе- клубови. Куманово, Битола, Охрид, Скопје, Струмица... списокот ќе се надградува.
Овој период Роберт е во фаза на одлука оваа година да се појави на некој од фестивалите во Македонија. Се избира песна. Ве повикуваме да ни дадете мислење: со каква песна сакате да го видите Роберт на некој од фестивалите за забавни песни. Дали мислите да биде брза песна или балада. Пишете ни на robertvukelik@gmail.com

Wednesday, February 20, 2008

ЗА МЕНЕ СУДЕНА

Најновата песна на Роберт „За мене судена“ е поставена на овој негов блогер. Музиката и текстот на песната се од Стефан Николиќ, а аранжманот е на Скипи Продукција и Горјан Јовановски. Се надеваме дека на сите вам ќе ви се допадне.

Tuesday, February 19, 2008

ПРОМОЦИЈА НА „ЗА МЕНЕ СУДЕНА“



Новата песна на Роберт- четврта по ред со наслов „За мене судена“ ќе биде промовирана вечерва (19 февруари 2008г.) во емисијата ЕКСКЛУЗИВ на А1 тв од 19:55 часот. Музиката и текстот за песната се на Стефан Николиќ, аранжманот на Горјан Јовановски и Скипи продукција.
Целосното интервју и фотографии од интервјуто може да се погледнат на веб страницата на ЕXCLUSIVE MEDIA HOUSE href="http://www.exclusive.com.mk/gallery.asp?artid=856">

Песната „За мене судена“ на Роберт Вукелиќ од утре ќе биде достапна за сите вам на оваа страница, а истата ќе биде доставена и до сите медиуми во Македонија. Доколку ја сакате и вие песната на е маил пишете ни на: robertvukelik@gmail.com

РОБЕРТ ВО СПОТОТ БЕСМРТНА ЉУБОВ НА ПОП ДИВАТА ЕРА ОД АЛБАНИЈА

Роберт Вукелиќ сними спот за песната Dashuri e pavdekshme или Бесмртна љубов на музичката под дива и ѕвезда од Албанија Ерманда Дурмиши - Ера. Спотот ќе биде претставен наскоро и пред Македонската јавност. Истиот е изработен од Дејан Миличевиќ.