Sunday, December 30, 2007

ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА ПЕСНА „ЗА КРАЈ...“ НА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА


На 31 декември 2007 година на новогодишната прослава организирана од Општина Карпош, Роберт ќе ја промовира својата нова песна „За крај...“. Текстот на песната е авторско дело на Роберт, музиката и аранжманот се од Бексо.

Прославата ќе започне во 18:00 часот и ќе трае до 02:00, на истата покрај Роберт ќе учествуваат и Росана Сариќ Тодоровска, Горан Тодоровски, МАМА бенд, Ванчо Петрушевски, Кире Печијаревски и уште многу други.

Градоначалникот на Општина Карпош точно на полноќ заедно со сите учесници ќе им ја честита Новата година на граѓаните по што ќе следи голем огномет.

Со оваа информација на саите вам сакаме да ви посакаме СРЕЌНА НОВА 2008 година. Многу здравје, среќа, љубов, бериќет и Божји благослов.

Wednesday, December 12, 2007

НАСТАП НА РОБЕРТ НА ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ ЗА СОС ДЕТСКОТО СЕЛО


Роберт Вукелиќ во вторник 18 декември 2007г. со почеток во 21:00 часот во дискотеката Колосеум ќе учествува на хуманитарниот концерт организиран од студентите од Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје. Концертот ќе има и хуманитарна аукција.

Сите средства што ќе се соберат од овој настан ќе бидат донирани на СОС Детското село за да им се помогне да го купат Младинскиот центар во населбата Радишани каде што живеат повеќе младинци.

Други музички гости на концертот ќе бидат Нокаут, ДНК, Тамара, Роберт Билбилов, Бени Шаќири, Биба Додева, Влатко Илиевски, Искра Трпева, Маја Вуќичевиќ, Ева, Мартина, Бојана Атанасова, Браво бенд, Александар Митевски и Ѓоко Таневски.

На аукцијата ќе се продаваат омилените работи на нашите ѕвезди како и цртежи нацртани од децата од СОС Детското село и од студентите на американскиот колеџ.

На настанот ќе учествуваат и Сара Леши, Сања Николиќ, Дадар, Сузана Турунџиева, Бојана Васиќ, и Кристијан Габровски. Интересно е тоа што некој од публиката ќе може да купи вечера со Сања Николиќ и со Сара Леши.

Цената на билетите во претпродажба е 150 денари (истите можат да се најдат и купат и кај менаџерот на Роберт, Стевче- 070 616 406 до понеденик до 11:00 ласот), а вечерта на врата ќе чинат 200 денари. Водители на манифестацијата ќе бидат Живкица Ѓурчиновска и Лила М. Стојановска.

Monday, December 10, 2007

НОВО, НОВО, НОВО



Овој период распоредот на активности на Роберт Вукелиќ е насочен кон снимање на неколку нови песни во соработка со Бексо, Стефан Николиќ и Александар. Промоција на една песна од новиот материјал ќе биде во декември 2007 г. , а останатите ќе бидат промовирани етапно во 2008г. Роберт Вукелиќ за две песни од новиот материјал сам го напиша текстот, а останатото нека биде изненадување. Можеме само да откриеме дека имаме добри хитови.
Роберт Вукелиќ овој период имаше и интензивен период на настапи и гостувања во медиумите низ Македонија, на кои се прикажува и неговиот спот: Штип ТВ Стар, Тетово ТВ Кис, ТВ Здравкин и ТВ Канал 21 од Велес, А1 ТВ во емисијата во „Недела во 11“, ТВ МС- Скопје, ТВ АТВ- Скопје. Исто така Роберт имаше снимање како гостин на спотот на поп ѕвезда од Албанија- Ера.