Na 31 avgust Robert ke gostuva vo Rijeka, Hrvatska na humanitarna modna revija, kade ke ja promovira i svojata pesna "Ogan i led". Muzikata i aranzmanot na pesnata se od Bekso, a tekstot e od Robert Vukelik.
Роберт Вукелиќ ја сними својата втора песна. Песната е со наслов “ОГАН И ЛЕД” Текстот е напишан од Роберт Вукелиќ, со што тој ги прави и своите први чекори како текстописец. Музиката и аранжманот се на Бексо. Песната е во поп-рок жанр и е снимена во новото студио на Бексо-“B- Entertainment”. Песната ќе биде промовирана прв пат во Ријека, Република Хрватска, каде Роберт на 31 август ќе настапи на голем хуманитарен концерт и на модна ревија. Финансиите од овие манифестации ќе бидат наменети за детската болница во Ријека. После настапот во Хрватска е предвидена поголема промоција на песната на Роберт Вукелиќ и во Македонија. Веруваме дека истата ќе биде голем хит. Сакаме да ви најавиме дека Роберт после враќањето во Македонија ќе го снима и својот прв спот за песната ,,Има нешто во тебе,, која ја направија Јован Јованов и Елвир Мекиќ. Овие активности следуваат после неколкуте настапи на Роберт на хуманитарни концерти низ Македонија. Роберт после промоцијата на втората песна веднаш влегува во студио и ќе работи на неговата трета песна. Ова се само неколку најави за следните чекори за караиерата на Роберт Вукелиќ.