Sunday, December 30, 2007

ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА ПЕСНА „ЗА КРАЈ...“ НА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА


На 31 декември 2007 година на новогодишната прослава организирана од Општина Карпош, Роберт ќе ја промовира својата нова песна „За крај...“. Текстот на песната е авторско дело на Роберт, музиката и аранжманот се од Бексо.

Прославата ќе започне во 18:00 часот и ќе трае до 02:00, на истата покрај Роберт ќе учествуваат и Росана Сариќ Тодоровска, Горан Тодоровски, МАМА бенд, Ванчо Петрушевски, Кире Печијаревски и уште многу други.

Градоначалникот на Општина Карпош точно на полноќ заедно со сите учесници ќе им ја честита Новата година на граѓаните по што ќе следи голем огномет.

Со оваа информација на саите вам сакаме да ви посакаме СРЕЌНА НОВА 2008 година. Многу здравје, среќа, љубов, бериќет и Божји благослов.

Wednesday, December 12, 2007

НАСТАП НА РОБЕРТ НА ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ ЗА СОС ДЕТСКОТО СЕЛО


Роберт Вукелиќ во вторник 18 декември 2007г. со почеток во 21:00 часот во дискотеката Колосеум ќе учествува на хуманитарниот концерт организиран од студентите од Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје. Концертот ќе има и хуманитарна аукција.

Сите средства што ќе се соберат од овој настан ќе бидат донирани на СОС Детското село за да им се помогне да го купат Младинскиот центар во населбата Радишани каде што живеат повеќе младинци.

Други музички гости на концертот ќе бидат Нокаут, ДНК, Тамара, Роберт Билбилов, Бени Шаќири, Биба Додева, Влатко Илиевски, Искра Трпева, Маја Вуќичевиќ, Ева, Мартина, Бојана Атанасова, Браво бенд, Александар Митевски и Ѓоко Таневски.

На аукцијата ќе се продаваат омилените работи на нашите ѕвезди како и цртежи нацртани од децата од СОС Детското село и од студентите на американскиот колеџ.

На настанот ќе учествуваат и Сара Леши, Сања Николиќ, Дадар, Сузана Турунџиева, Бојана Васиќ, и Кристијан Габровски. Интересно е тоа што некој од публиката ќе може да купи вечера со Сања Николиќ и со Сара Леши.

Цената на билетите во претпродажба е 150 денари (истите можат да се најдат и купат и кај менаџерот на Роберт, Стевче- 070 616 406 до понеденик до 11:00 ласот), а вечерта на врата ќе чинат 200 денари. Водители на манифестацијата ќе бидат Живкица Ѓурчиновска и Лила М. Стојановска.

Monday, December 10, 2007

НОВО, НОВО, НОВО



Овој период распоредот на активности на Роберт Вукелиќ е насочен кон снимање на неколку нови песни во соработка со Бексо, Стефан Николиќ и Александар. Промоција на една песна од новиот материјал ќе биде во декември 2007 г. , а останатите ќе бидат промовирани етапно во 2008г. Роберт Вукелиќ за две песни од новиот материјал сам го напиша текстот, а останатото нека биде изненадување. Можеме само да откриеме дека имаме добри хитови.
Роберт Вукелиќ овој период имаше и интензивен период на настапи и гостувања во медиумите низ Македонија, на кои се прикажува и неговиот спот: Штип ТВ Стар, Тетово ТВ Кис, ТВ Здравкин и ТВ Канал 21 од Велес, А1 ТВ во емисијата во „Недела во 11“, ТВ МС- Скопје, ТВ АТВ- Скопје. Исто така Роберт имаше снимање како гостин на спотот на поп ѕвезда од Албанија- Ера.

Friday, October 26, 2007

НАСКОРО ПРОМОЦИЈА НА ВИДЕО СПОТОТ ЗА ИМА НЕШТО ВО ТЕБЕ




Спотот за „Има нешто во тебе“ првата песна на Роберт Вукелиќ е готов. Промоција за истиот ќе се одржи на 8-ми Ноември 2007г. во Кафе бар АЛО АЛО во ГТЦ, на кеј со почеток од 12:00 часот.

Спотот е во продукција на „Амар“ студио на Менсур Кадриу. Снимен е на новиот автопат во населбата Радишани и е спој на креативни кадари од Роберт и Наташа.

Благодарност за поддршката за снимање на овој спот изразуваме до ВИВАТАП www.vivatap.com.mk

Воедно најавуваме дека во месец Ноември ќе се започне со снимање на третата песна на Роберт Вукелиќ и снимање на спот за „Оган и лед“ во кој ќе биде гостинка и Марина Пинтарич- манекенка од Ријека, Р. Хрватска.

Wednesday, September 5, 2007

ОГАН И ЛЕД





Песната „Оган и лед“ на Роберт Вукелиќ ексклузивно беше промовирана во Ријека, Р. Хрватска на 31 август 2007г. при настап на Роберт на "Rijeka 4 fashion".

Песната е снимена во студиото на Бексо- B Entertament. Музиката и аранжманот се на Бексо, а текстот лично го напиша Роберт. За истата ќе биде снимен спот со манекенка од Ријека- Марина и наскоро ќе биде промовиран пред Македонската јавност.

Роберт продолжува со работа и подготовка на нов материјал.

Sunday, August 26, 2007

PROMOCIJA NA "OGAN I LED" VO HRVATSKA


Na 31 avgust Robert ke gostuva vo Rijeka, Hrvatska na humanitarna modna revija, kade ke ja promovira i svojata pesna "Ogan i led". Muzikata i aranzmanot na pesnata se od Bekso, a tekstot e od Robert Vukelik.

Thursday, August 23, 2007

НОВО NEW НОВО







Роберт Вукелиќ ја сними својата втора песна. Песната е со наслов “ОГАН И ЛЕД” Текстот е напишан од Роберт Вукелиќ, со што тој ги прави и своите први чекори како текстописец. Музиката и аранжманот се на Бексо. Песната е во поп-рок жанр и е снимена во новото студио на Бексо-“B- Entertainment”.
Песната ќе биде промовирана прв пат во Ријека, Република Хрватска, каде Роберт на 31 август ќе настапи на голем хуманитарен концерт и на модна ревија. Финансиите од овие манифестации ќе бидат наменети за детската болница во Ријека.
После настапот во Хрватска е предвидена поголема промоција на песната на Роберт Вукелиќ и во Македонија. Веруваме дека истата ќе биде голем хит.
Сакаме да ви најавиме дека Роберт после враќањето во Македонија ќе го снима и својот прв спот за песната ,,Има нешто во тебе,, која ја направија Јован Јованов и Елвир Мекиќ.
Овие активности следуваат после неколкуте настапи на Роберт на хуманитарни концерти низ Македонија. Роберт после промоцијата на втората песна веднаш влегува во студио и ќе работи на неговата трета песна. Ова се само неколку најави за следните чекори за караиерата на Роберт Вукелиќ.

Tuesday, June 26, 2007

ТОП 7 НА МММ


Во рок од 2 дена Роберт Вукелиќ со својата песна „Има нешто во тебе“ изби на прво место, далеку пред останатите на ТОП 7 листата на Македонската музичка мрежа www.mmm.com.mk Гласајте и Вие за Роберт.

Wednesday, June 6, 2007

КОНТАКТ СО РОБЕРТ

На 19 јуни во Кафе барот „АЛО АЛО“ во Скопје, беше промовирана првата песна на Роберт Вукелиќ и почетокот на неговата музичка кариера. Музиката и аранжманот на песната на Роберт „Има нешто во тебе“ се на Јован Јованов, а текстот на Елвир Мекиќ. Песната може да се downlodira на www.mmm.com.mk За повеќе информации обратете се преку е маилот robertvukelik@gmail.com или кај Стевче Дечев- менаџер на Роберт на 076 513 345.

Tuesday, June 5, 2007

Thursday, May 31, 2007